Русалка - воден дух







Препис

Страна 1

На почетокот на летото, многу Cловенски народи одржуваат едно-неделен фестивал, слава за мртвите и обред на плодност.

Овој фестивал се нарекува Зелена Недела или Русалка Недела и се одржува уште од античко време.

Група жени ќе ја напуштаат својата населба, и во шумaта ќе одржат цереремонија. Млада девојка ќе биде избрана да биде Русалка, (женски воден дух од безброј словенски приказни и легенди).

Нејзиниот фустан ќе биде украсен со гранки од бреза, а цвеќињата ќе бидат вткаени во нејзината коса.

Страна 2

Како и претходно со девојката, една од брезите ќе биде избрана како Русалка. Брезите се симбол на покојната душа.

Жените ќе носат пржени јајца и пиво како понуди на избраното дрво, па играат, пеат и плетат венци околу него.

Брезата потоа се цепи и “се удавува“. Со ова жените ја обезбедуваат добрата волја на Русалките, нудејќи им “жртва” со цел да ја заштитат својата заедница.

За време на Зелената Недела, луѓето избегнуваа да пливаат во реки или езера за да не ги навредат Русалките, бидејќи беше речено дека тие тие се поактивни во овој период од годината, и ако се провоцирани може да се одмаздат со поплави или чума на говеда.
Русалките се немирни души на жени кои се удавиле (или некој ги удавил), и го прогонуваат местото каде што умреле. Обично ги мамеле мажите да дојдат во водата за да ги удават, понекогаш скокоткајќи ги до смрт.

Страна 3

По лик се некогаш бледи жени, со зелена или кафеава коса и долги раце, голи или облечени во лесни алишта од магла.

Во некои приказни Русалките се трансформираат во лебеди, гуски и патки, или личат на сирена, а во други приказни биле ловци или воини слични на Амазонките. Зависи како луѓето се однесуваат со нив, тие или му помогаат или му попречуваат на херојот.

Историјата не била љубезна кон Русалките. Во античко време тие беа обожувани како богинки, а подоцна луѓето ги направија злонамерни суштества, измамници, заводници и убијци, беа истерани до рабовите на општеството. Оваа промена го одразува променетиот став кон жените во општеството.

Но, како што можеме да видиме од фестивалот Зелена Недела, нивната репутација не е целосно нарушена.

Страна 4

Во ноќта од последниот ден од Зелената недела, Русалките излегуваат од своите водени домови и седат на брезите, а понекогаш дури и доаѓаат на нивите. Со ова дело тие ја накиснуваат земјата со животворна влага.

Благодарејќи на нивната важна улога во животот на Словенските народи (антички и сегашни), Русалките останале како едни од најпознатите суштества на нивниот фолклор.

Subscribe to my newsletter

Get an email when I post my next project