Домовој - дух-чувар на домот




Препис

Страна 1


Нашироко е познато меѓу Словените дека семејство со новоизградена куќа има очајна потреба од Домовој.

Семејството не може да напредува се додека главата на семејството не почине и стане дух-чувар на домот, или додека не биде поканет стар Домовој да им се придружи.

Овој дух на домот се сметаше за починатиот предок, кој после нивната смрт подолжува да го заштитува своето семејство и домот од лоша среќа, вештерство, па дури и кражба од соседни Домовои (мн).

Тие се грижеа за децата и животните, вршеа домашни работи и ги зголемуваа среќата и богатството на семејството.

Ако некое семејство се пресели од стара во нова куќа, тие мора да го поканат својот стар Домовој да дојде да живее со нив.

Според една традиција, стара жена треба да загрее печка во старата куќа, да ги собери жаровите и напладне да ги стави во тава, покриена со крпа.
Семејството, облечено во нивната најдобра облека, го покануваа Домовојот да дојде и да живее со нив, со понуда на леб и сол во рацете.

Старата жена ги носи жаровите во новиот дом и ја испразнува тавата во печката.

Страна 2


Домовоите (мн) сакаат топли места - зад печката, во огништето, во оџакот, во печурката (мала ниша во ѕидот на печката) или под голбетот (ниска кутија во близина на печката со влез кон подрумот).

Во зависност од тоа дали првобитниот предок бил маж или жена, духот беше Домовој (м) или Доманија (ж) и личеше, звучеше и се однесуваше како предокот.

Освен малата сличност со предокот, Домовојот е опишан како мал, стар човек покриен од глава до пети со грмушесто крзно. Не сум сигурен дали истото важеше и за Доманијата.

Некогаш се голи, а некогаш се облечени во вообичаената облека на народот на предокот.

Имаат светлки очи кои можат да се видат кога се движат во сенките.

Суштество покриено со крзно, со светли очи, кое сака топли места - звучи како мачка. Не е ни чудо што мачките што живеат во куќа понекогаш се сметаа за манифестација на духот чувар.

Во старите времиња, печките биле огромни и биле доминантна одлика во многу куќи, и поради нивната важна улога (хранење и топлење на семејството) се појавуваат во народни приказни и биле поврзани со некои легендарни ликови.

Страна 3

Тие се претежно љубезни и грижливи, но ако не им се даде соодветна почит и внимание, би можеле да се вознемирират и би го покажале своето незадоволство преку испуштање чудни звуци, удирање садови и трескање врати низ куќата.

Но, ако тие се навистина лути, би можеле да се одмаздат преку мачење на добитокот, па дури и задушување на луѓе што спијат. Најлошото нешто што можеа да направат е да ја напуштат куќата и да го остават семејството без одбрана.

Освен нивниот лош темперамент, тие се познати по својот дар на предвидливост. Некои веруваат дека духот им дозволува на луѓе да го видат пред некој важен настан во нивниот животот.

Тие, исто така, им приоѓаат на луѓето додека спијат, и ако предвидат добри работи, се смеат и ги галат. Чудни суштества.

Во случај на претстојна смрт на член на семејство, се слуша липање и лелекање низ ноќта. Тие можат и да предвидат војни, пожари и чуми на сличен начин.

Страна 4


Античките Словени верувале дека духови живеат во дрвјата, па кога некое дрво ќе се искористи да се изгради нешто, духот ќе дојде да ја населува таа градба.

Секоја структура во домот е окупирана од различен дух. Домовојот живее и е одговорен за куќата, Гуменикот е во магацинот, Двороројот во дворот, Овиникот во шталата, и Баникот во бањата.

Верувањето во Домовојот е сè уште практикувано до ден денес. Важно им е и на рурални и на урбани луѓе. Некои го изразуваат ова верување со поставување “Домовојни ќошeви“ во нивните станови, оставајќи храна и играчки за домашниот дух.

Од античко до модерно време, луѓето ги гледале своите домови не само како места за луѓе, туку и за митолошки суштества, дали биле тие шумски духови или душите на нивните предци, нивното присуство го прави домот малку пополн со живот.

Subscribe to my newsletter

Get an email when I post my next project